Свет Клапар: Путин импровизира во Сирија

Клапар: Путин импровизира во Сирија

Владимир Путин и Русија секојдневно импровизираат при воените операции во Сирија што почнаа на крајот на септември, изјави директорот на американското разузнавање, Џејмс Клапар, за „Си-Ен-Ен“.

– Се прашувам дали тој има долгорочна стратегија или дејствува ден за ден – изјави Клапар, додавајќи дека Путин е „многу импулсивен и непринципиелен“ и оти е главниот сојузник на сирискиот лидер Башар ал-Асад.

Официјална Москва почна воздушна кампања во Сирија, како што тврди, против терористичкото движење Исламска држава. Сепак, САД и други западни држави ја обвинија Русија дека мета на нападите се противниците на Асад.