Свет Кинески висок функционер осуден на доживотен затвор

Кинески висок функционер осуден на доживотен затвор

Поранешниот шеф на кинеската безбедност Џоу Јунгканг денеска е осуден на доживотен затвор и, со тоа, по повеќе од деценија, стана највисок кинески функционер кој завршил в затвор.

– Џоу Јунгканг е осуден на доживотен затвор затоа што примал мито, ја злоупотребувал власта и оддавал државни тајни – јавува државната агенција, додавајќи дека тајното судење на овој поранешен член на Постојаниот комитет на политичкото биро на Комунистичката партија се одвивало во Тијанџин, град кој се наоѓа источно од Пекинг.

Јунгканг ја признал вината и нема да ја обжали пресудата. Оваа тешка казна е најсимболична во кампањата која ја покрена претседателот Сји Ѓинпинг против корупцијата.