Технологија Гаџети Кинески хакери го нападна метеоролошкиот систем на САД

Кинески хакери го нападна метеоролошкиот систем на САД

Сателитска метеоролошка снимка

Кинески хакери упаднале во системот на американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА), која го управува метеоролошкиот систем во САД, објави „Вашингтон пост“.

Весникот наведува дека управата во октомври објавила дека во тек е „непланирано одржување“ на нејзината мрежа, но подоцна е откриено дека бил мета на хакерски напад.

Засега не се открива дали хакерите успеале да украдат некакви податоци, но тимовите за кибернетичка безбедност, наводно, успеале да ги „отсечат“ клучните информации за поморските операции, авијацијата и за плановите во случај на катастрофа.

Нападот се случил во септември, откако неколку месеци претходно беше објавен извештај, кој укажуваше на пропустите во заштитата на мрежата на НОАА.