Свет Свет Кина: Серија напади со поштенски пратки

Кина: Серија напади со поштенски пратки

Најмалку три лица загинаа денеска во серија експлозии на бомби во поштенски пакети во југозападниот кинески град Лијузу, јави државната кинеска телевизија.

На видеоснимките се прикажани разрушени згради, облаци од чад и улици полни со урнатини.

Полицијата не соопшти кој е осомничен за нападите во провинцијата Гуангси, во кои се повредени 13 лица.

Бомбите пристигнале во пакети на 13 локации, од болници, трговски центри, затвори и полициски станици, до канцеларии на државната администрација.