Технологија Гаџети Кина произведе ласерски уништувач на дронови

Кина произведе ласерски уништувач на дронови

Дрон

Кина создала ласерско оружје кое може да уништи беспилотни летала во лет, јавуваат светските медиуми.

Оружјето има домет до два километри и може да ја погоди метата и на најниска висина за помалку од пет секунди од лоцирањето, јавува кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.

Уредот се состои од големи подвижни коцки, премачкани со маскирна боја, на кои е поставен топ кој исфрла ласерски сноп.

Одбранбениот систем би требало да има клучна улога во безбедноста на поголеми манифестации во градски средини.