Свет Кина купува 300 авиони од „Боинг“

Кина купува 300 авиони од „Боинг“

Кинески компании и американскиот произведувач на авиони „Боинг“ склучиле договор за купување 300 авиони и за изградба на фабрика за склопување авиони во Кина, јави денеска кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.

Договорот за купување авиони е потпишан откако кинескиот претседател Кси Ѓинпинг допатува во прва официјална посета на САД.

Во извештајот на агенцијата не се наведува ниту вредноста, ниту на моделот на авион кој е предмет на договорот што го потпишаа „Чајна авиејшен саплајс холдинг“, „Ај-Си-Би-Си фајненшел лизинг“ и „Чајна девејлопмент бенк лизинг“.

Државната компанија „Комерпл аркрафт корпорејшн оф Чајна“ со „Боинг“ склучи договор за изградба на центар за склопување авиони „Боинг 737“ во Кина.