Забава Ким Кардашијан го изнајмила „Стејплс центар“ за роденденот на Канје Вест

Ким Кардашијан го изнајмила „Стејплс центар“ за роденденот на Канје Вест

Американската старлета, Ким Кардашијан, за роденденот на својот сопруг, Канје Вест, го изнајмила популарниот „Стејплс центар“, салата во која настапуваат НБА-тимовите од Лос Анџелес, во која, раперот заедно со своите пријатели, играјќи си, како да се „Лејкерс“ и „Клиперс“, го прославиле 38. роденден на популарниот пејач, пренесува „Хафинготн пост“.

На роденденската забава, која изгледала малку чудно, меѓу гостите биле присутни и НБА-ѕвездите Расел Вестбрук, Џон Вол, Џејмс Харден и поп-ѕвездата Џастин Бибер.

Дури и роденденската торта на Канје била со НБА-мотив, автентичен за атмосферата, односно во форма на шампионскиот трофеј на американската професионална кошаркарска лига.

Според „Хафингтон пост“, роденденската забава на Кaнје во „Стејплс центар“, Кардашијан ја чинела околу 110.000 долари.