Свет Киднапирани 16 турски работници во Багдад

Киднапирани 16 турски работници во Багдад

Засега непознати маскирани лица, облечени во униформи, киднапирале 16 турски работници и инженер во Багдад, соопшти денеска ирачкото министерство за внатрешни работи.

Киднапирањето се случило во североисточниот дел на Багдад, соопшти портпаролот на министерството, Сад Мад.
Киднаперите в зори го нападнале караванот, во кој спиеле градежните работници.

Минатата година припадниците на Исламска држава киднапираа 46 државјани на Турција, но по три месеци заложниците беа ослободени.