Македонија Кичевските училишта сè уште без греење

Кичевските училишта сè уште без греење

Училиштата без деца

Училиштата во Кичево сè уште се без греење затоа што Владата не донела одлука да се одобри нафта од стоковите резерви. Иако ова беше најавувано уште пред неколку недели, нема ништо од нафтата, а учениците веќе еден месец не одат на училиште.

Министерот за образование Абдулаќим Адеми на брифинг со новинарите рече дека нафта ќе се добие, но пропуштените часови учениците потоа ќе мора да ги одработат. Тој истакна дека градоначалникот заедно со директорите на училишта ќе треба да направат план на кој начин и кога ќе се надоместат часовите.