Македонија Керим меѓу првите четворица по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Керим меѓу првите четворица по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Срѓан Керим, е меѓу првите четворица по завршениот четврти круг на гласање, соопштија од неговиот кабинет.

По денешниот неформален круг на гласање, на прво место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, а на трето место е кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ.

Следното гласање во Советот за безбедност е закажано за 26 септември.