Свет Кери: Одлуката за сириската влада мора да биде наскоро

Кери: Одлуката за сириската влада мора да биде наскоро

Одлуката за тоа каква транзициона влада ќе биде формирана во Сирија мора да биде донесена во текот на наредниот месец или два, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.

Тој на заедничка конференција за новинари со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Њујорк, рекол дека малку е веројатно дека до средината на јануари ќе почнат разговорите помеѓу сириската опозиција и актуелната влада за формирање нова влада.

Лавров, од друга страна, најави дека договорот за формирање нова влада ќе биде можен во наредните шест месеци.