Свет Свет Кери од четврток во дводневна посета на Русија

Кери од четврток во дводневна посета на Русија

Државниот секретар на САД, Џон Кери, на крајот на оваа недела ќе ја посети Москва за со официјалните руски претставници да разговара за Сирија, Украина и за Нагорно-Карабах.

Наведено е дека Кери во руската престолнина ќе пристигне од Париз, каде в четврток ќе присуствува на одбележувањето на францускиот национален празник, Денот на падот на Бастилја.

Руското министерство за надворешни работи потврди дека американскиот државен секретар ќе престојува во Москва на 14 и на 15 јули.

Министерството потсети дека ова е четврта посета на Кери на Русија од мај 2015 година и изрази надеж дека оваа посета ќе ја подобри атмосферата во односите меѓу Русија и САД.