Свет Свет Кери: Можно е одложување на мировните преговори за Сирија

Кери: Можно е одложување на мировните преговори за Сирија

Мировните преговори за Сирија кои се планирани за следната недела, би можеле да бидат одложени за еден или два дена „од логистички причини“, изјави американскиот државен секретар, Џон Кери.

Кери појасни дека одложувањето на преговорите, во кои посредуваат ОН, може да се случи поради праќање на поканите до учесниците во преговорите.

Претходно со американскиот државен секретар се сретна специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, кој е уверен дека разговорите ќе почнат, како што е најавено, в понеделник, на 24 јануари во Женева.