Свет Балкан Кери ја пофали улогата на Албанија во борбата против ИД

Кери ја пофали улогата на Албанија во борбата против ИД

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска во Тирана го пофали придонесот на Албанија во меѓународната коалиција, предводена од САД, која ги напаѓа позициите на Исламска држава во Сирија и во соседен Ирак.

– Живееме во време на глобални предизвици. Албанија тоа го сфатила и нејзината улога е особено важна во рамки на помошта на САД во борбата против насилниот екстремизам – рече Кери по разговорот со албанскиот премиер, Еди Рама.

Кери рече дека Исламска држава не може да се порази само со заложби на една држава, туку за тоа е потребна коалиција од повеќе земји.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година, а во 2014 година испорача големо количество оружје и муниција на курдски сили во борбата против ИД на северот на Ирак.

Кери денеска накратко престојуваше во Тирана на пат кон САД, по неколкудневната безбедносна конференција во Минхен.