Свет Европа Кери и порача на Европа итно да ги спречи нападите

Кери и порача на Европа итно да ги спречи нападите

Американскиот државен секретар, Џон Кери изјави дека Европа се соочува со итна ситуација и оти мора да ги спречи новите напади на екстремистите.

Кери рече дека последните напади во Брисел, во кои загинаа 31 лице, а повредени се 340, покажуваат дека Исламска држава претставува сериозна закана и за земјите кои не се зафатени со војна.

– САД бараат дополнителни проверки и веќе извесно време соработуваат со белгиските власти во обид да се пополнат празнините за кои се свесни дека постојат – рече Кери.