Свет Европа Керхов: ЕУ не може да ги спречи сите напади

Керхов: ЕУ не може да ги спречи сите напади

Координаторот за борба против тероризмот на Европска Унија,  Жил де Керхов, денеска предупреди дека Европа би можела да се соочи со нов бран напади. Тој истакна дека лицата кои се вратиле од Сирија не треба да се испраќаат во затвор затоа што токму таму се подгреваат, развиваат и се поттикнуваат радикалните ставови и движења.

Според Керхов, токму во затвор се радикализирал Амеди Кулибали, еден од учесниците во минатонеделните терористички напади во Париз, Мохамед Мера, убиецот од Тулуз од 2012 година, како и Медхи Немуш, кој е осуден за убиството на четворицата Евреи во Еврејскиот музеј во Брисел.

Керхов истакна дека заканите од нови напади сè уште се реалност и оти можеби не може да се спречат сите напади, но може да се попречат голем дел од нив.