Свет Кенија: Протест поради нападите на провокативно облечените жени

Кенија: Протест поради нападите на провокативно облечените жени

Протест поради нападите на жени кои се обелкуваат провокативно

Илјада лица денеска протестираа во кенискиот главен град Најроби поради неодамнешните напади на група мажи врз жени кои биле „провокативно облечени“.

На видеоснимките, направени со мобилен телефон, се гледа како напаѓачите им ја кинат облеката на жените, што наиде на осуда на социјалните мрежи и сè почеста употреба на паролата „мој фустан, мој избор“.

Во Кенија сè поизразен станува јазот меѓу новиот животен стил под влијание на Западот и традиционалниот африкански начин на живеење.

Една од учесничките на протестот, Рејчел Мачуа, смета дека напаѓачите се мажи со пониски примања кои се љубоморни на успешните, добро облечени жени.