Свет Кенија ги нападна терористите кои убија 148 студенти

Кенија ги нападна терористите кои убија 148 студенти

Кениски воени авиони бомбардираа позиции на исламистичка група Ал Шабаб во соседна Сомалија. Мета биле два кампа во регионот на Гедо, кои терористите ги користат како место за обука и за влегување во Кенија.

Ова е прв одговор на Кенија на масакрот на универзитетот во Гариса, кој го извршија членови на Ал Шабаб.

– Нашата војска одговори на заканите, почнавме ограничени воздушни напади. Во оваа фаза немаме повеќе информации – изјави портпаролот на армијата на Кенија, Дејвид Обонја.

Во минатонеделниот терористичкиот напад на кампусот на универзитетот загинаа 148 лица.