Забава Ќе се снима филм за папата Франциск

Ќе се снима филм за папата Франциск

Игран филм за животот на Хорхе Марио Бергољо, од детството до избирањето за папа, следната година ќе се снима во Аргентина, а главната улога ќе ја има аргентинскиот актер Дарио Грандинети.

Снимањето на филмот, кој ќе го режира Шпанецот Беде Докампи Феијао, ќе почне во јануари, а ќе се врши на локации во Буенос Аирес, Мадрид и во Рим, соопшти продуцентската купа „Пампа филм“.

Грандинети досега има играно во околу 30 филмови, но во Европа стана познат по неговата улога во филмот на Педро Алмодовар од 2002 година, „Зборувај со неа“.

Сценариото е инспирирано од биографијата на Хорхе Бергољо, „Френциск: Живот и револуција“, на авторката Елизабета Пике, новинарка во аргентинскиот весник „Ла национ“.