Македонија Ќе се прави вештачење за одговорноста за смртта на родилката во Гевгелија

Ќе се прави вештачење за одговорноста за смртта на родилката во Гевгелија

Конкретната одговорност за виновниците за смртта на родилката и на нејзиното бебе, кои починаа за време на царски рез во болницата во Гевгелија, ќе се испитува со вештачење, наложи Jавното обвинителство во Велес. За оваа одлука информиран е и сопругот на починатата родилка, Мите Кадиев, кој беше во обвинителството да даде изјава за случајот.

Родилката од Гевгелија, 32-годишната Маја, и нејзиното бебе починаа за време на породување со царски рез.