Главна секција Ќе се прави нов избирачки список, регистрација со отпечаток од прст

Ќе се прави нов избирачки список, регистрација со отпечаток од прст

Средбата на работните групи во Клубот на пратеници сè уште трае, а неофицијално се дознава дека се разговара за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори, кои треба да се одржат во април идната година.

Според неофицијални информации, тоа значи неколку месеци пред изборите граѓаните да се регистрираат, со што би се создал нов избирачки список.

Изворите тврдат дека копјата се кршат околу тоа дали регистрацијата да биде задолжителна или доброволна.

На работната средба се очекува да се разговара за изборните единици, гласањето на дијаспората и за други детали околу изборите, кои се предвидени со Договорот од Пржино.