Хроника Кавадарчанец загинал по пад од трактор

Кавадарчанец загинал по пад од трактор

Вчера попладнe, 75-годишниот кавадарчанец Констадин Б. го загубил животот во несреќа со трактор, што се случила во атарот на селото Раец.

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила околу 17.20 часот, кога кавадарчанецот изгубил контрола над тракторот што го управувал и се превртел. Од тешките повреди, Констадин Б. починал на самото место.

Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа на кавадаречката полиција.