Хроника Кавадарчанец фатен со 100 грама хероин во струмичко Босилово

Кавадарчанец фатен со 100 грама хероин во струмичко Босилово

Вчеравечер, околу 20 часот, полициски службеници од СВР Струмица, во селото Босилово извршиле претрес над Б.Ј. (32) од Кавадарци, кај кого нашле околу 100 грама прашкаста материја, за која постојат сомневања дека е хероин, информираат од полицијата.

Кавадарчанецот бил приведен и задржан во СВР Струмица за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.