Главна секција Катица Јанева ситните предмети ќе мора да ги замени со крупни залаци

Катица Јанева ситните предмети ќе мора да ги замени со крупни залаци

Специјалната обвинителка, Катица Јанева (50), задолжена за истражување на случаите „Пуч“и „Прислушување“, е јавен обвинител од Гевгелија. Според тоа што го има како податок, Јанева станала заменик-обвинител во 2003 година, а во 2007 е именувана за јавен обвинител во гевгелиското обвинителство.

Исто така, според достапните податоци, таа досега нема водено некои крупни предмети.

Во анкетниот лист, пак, доставен до Антикорупциската комисија, за Катица Јанева стои дека таа од личен имот има само возило „рено 5 кампус“ вредно 4.000 евра и две трансакциски сметки на кои вкупно има околу 500 евра.

Како имот на брачен другар, Јанева пријавила плац од 263 квадратни метри во Конско, вреден 1.000 евра и земјоделско земјиште од 20.000 евра, моторно возило „ровер 45“, кое е проценето на 20.000 евра, девизен депозит од 80.000 евра и 20.000 евра од продадени акции.

Од имот, пак, на родителите, обвинителката има две куќи со двор, со вкупна вредност од 105.000 евра.

Како што претходно објави „Мета“, по маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител.

Според процедурата, законот би требало денеска веќе да се најде пред пратениците во Собрание.