Свет Кастро ги повика САД да го укинат трговското ембарго за Куба

Кастро ги повика САД да го укинат трговското ембарго за Куба

Кубанскиот претседател Раул Кастро, на Генералното собрание на ОН, рече дека односите меѓу Куба и САД ќе се нормализираат доколку официјален Вашингтон преземе одредени мерки, вклучувајќи и укинување на трговското ембарго.

Кастро, исто така, рече дека е неопходно САД да ѝ ја врати на Куба воената база Гвантанамо и да стави крај на емитувањето антикомунистички пораки на островот.

Американскиот претседател Барак Обама нагласи дека го поддржува укинувањето на трговското ембарго со Куба и нагласи оти е уверен дека таквата одлука наскоро ќе биде одобрена и во американскиот Конгрес.

Во текот на денешниот ден, според најавите на светските медиуми, двајцата лидери треба да имаат билатерална средба во Њујорк.