Свет Свет Картер во ненадејна посета на Багдад

Картер во ненадејна посета на Багдад

Американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, допатува во ненајавена посета на Багдад, каде со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади ќе разговара за борбата против Исламска држава и за плановите за преземање на Мосул од рацете на милитантите.

Картер, кому ова му е четврта посета на Ирак откако во февруари 2015 година дојде на чело на Пентагон, доаѓа два дена откако ирачките сили ја освоија воздухопловната база јужно од Мосул, што се смета за важен чекор во борбата за контрола над другите најголеми градови во земјата, кои се во рацете на ИД од јуни 2014 година.

Картер минатиот месец го повика сојузниците во НАТО да направат повеќе за да ѝ помогнат на коалицијата предводена од САД во борбата против ИД во Ирак и во Сирија.