Култура „Кармина Бурана“ во МОБ за денот на вљубените

„Кармина Бурана“ во МОБ за денот на вљубените

Во Македонската опера и балет, по повод денот на виното и на вљубените, вечер ќе ја изведе популарната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.

Кантатата е во режија на Дејан Прошев, а ќе биде изведена под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Главни солисти се Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон).

„Кармина Бурана“ со пораката „Среќата да биде владетелка со светот“ со право ја нарекуваат кантата на 20 век. Овојпат „Кармина Бурана“ ќе има специјално режирана концертна изведба, соопшти МОБ.