Македонија Каргов: Најмногу претставки добиле инспекторите за труд

Каргов: Најмногу претставки добиле инспекторите за труд

Инспекцискиот совет денеска разгледуваше осум претставки, од кои четири се поднесени против инспектори од Државниот инспекторат за труд. Другите претставки се за инспектори од пазарен, просветен, управен и од инспекторат за храна.

– Во претставките од денешната седница, најмногу се однесуваат на трудовите инспектори кои при контролата вршеле влијание. Инспекторите вршеле притисок за преку која фирма да се обезбедуваат елаборати за безбедност и здравје при работа или, на пример, компаниите да вршат услоги од одредени сметковотствени фирми што тие ги нуделе – истакна Каргов.

До денеска, посочи Каргов, советот реализирал 28 претставки против испектори, од кои за три е констатирано дека има основа за спроведување дисциплинска постапка, во два случаи се утврдени дисциплински одговорности, а за еден инспектор наскоро треба да биде завршен предметот.

Каргов апелираше до граѓаните да укажуваат на сите неправилности во работата на инспекторите и информира дека во последните две недели значително бил зголемен бројот на жалби против нив.