Македонија Каревска, Грчева и Буралиева се сретнаа со Ауер

Каревска, Грчева и Буралиева се сретнаа со Ауер

Пратениците Роза Топузова-Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева денеска одржаа средба со Едуард Ауер, новоименуван шеф на Одделот за Западен Балкан, надлежен за Република Македонија, неговиот соработник од истиот оддел, Јоханес Виереук, како и со Камила Дуда Кањецка од Делегацијата на Европска Унија во Скопје.

Средбата е остварена во рамките на првата официјална работна посета на  Ауер во Скопје.

На средбата со високите претставници од Европска Унија се разговарало за актуелните политички случувања во Република Македонија. Притоа, тие повикале на решавање на моменталната политичка состојба и, исто така, им била искажана поддршка на трите пратенички за нивната работа во Собранието.