Хроника Капак од багажник на автобус усмртил пешак кај селото Конопница

Капак од багажник на автобус усмртил пешак кај селото Конопница

Седумдесет и шестгодишен маж го загубил животот во сообраќајна незгода,  што утрово се случила на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атарот на селото Конопница.

Според полициските информации, несреќата се случила околу 7 часот, кога на автобус, со скопски регистарски ознаки, кој се движел кон Куманово, му се отворил капакот од багажникот и удрил во М.С., кој пеш се движел покрај патот.

Од повредите, пешакот починал на самото место, а смрт констатирала екипа на итна помош која пристигнала на местото.