Македонија Канада го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО.

– Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30. членка на Алијансата во блиска иднина – објави канадското МНР.

Канада е 18. земја-членка на НАТО која го ратификуваше протоколот.