Свет Европа Канада дава 10.000 иселенички визи на Сиријците

Канада дава 10.000 иселенички визи на Сиријците

Канадската влада најави дека ќе прифати 10.000 сириски бегалци во текот на следната година и така ќе го поедностави и ќе го забрза процесот на барања за влез во таа држава.

Граничната полиција повеќе нема да бара доказ за статус бегалец, туку наместо тоа „ќе претпостави дека тие бегаат од војната, што ја задоволува дефиницијата бегалци, што ќе ја забрза апликацијата“, се наведува во соопштението на канадското Министерство за имиграција и државјанство, пренесува АФП.

Како резултат на ова, Канада ќе им излезе во пресрет на 10.000 Сиријци до септември 2016 година.

Службениците кои ќе ја обработуваат апликацијата, интервјуата ќе ги фокусираат на безбедноста, криминалот и на медицински прегледи, наведуваат од Министерството.