Македонија Кампања: „Сакаш ли и ти да помогнеш?“

Кампања: „Сакаш ли и ти да помогнеш?“

Кампања на Борка

Здружението за борба против ракот „Борка“ и „Рамстор мол“ од денеска ќе почнат хуманитарна кампања под слоганот „Сакаш ли и ти да помогнеш?“ Оваа акција има цел да ја зголеми свесноста за ракот и за превентивното и навремено дејствување против него.

Секој вторник во наредните три недели, во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и хуманитарни акции за подобро запознавање на јавноста со ракот на дојка, ракот на матка и со ракот на тестиси.

Покрај информативните пултови и хуманитарните кампањи, секој вторник, со почеток во 16 часот, ќе се одржува и работилница која ќе биде водена од Биба Додева, претседателка на здружението „Борка“ и стручно-медицинско лице.

Супермаркетот и продавниците во трговскиот центар за оваа хуманитарна кампања ќе му донираат на здружението „Борка“ процент од продажбата.