Свет Европа Камерон загрижен поради навалата на мигранти од Кале

Камерон загрижен поради навалата на мигранти од Кале

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изрази загриженост поради обидот на 2.000 имигранти насила, пеш да минат низ железничкиот тунел под каналот Ламанш, меѓу Кале во Франција и брегот на Велика Британија.

– Тоа е особено загрижувачко – рече Камерон за време на посетата на Сингапур и додаде дека Британија ќе направи сè за да се избори со мигрантската криза во Кале.

Британскиот премиер рече дека во борбата со овој проблем, тесно соработува со француските власти.

Велика Британија потврди дека ќе даде седум милиони фунти за нова ограда кај терминалот на тунелот под Ламанш, со кој управува компанијата „Евротунел“.

Околу 2.000 мигранти, ноќта меѓу понеделник и вторик се обидоа да влезат во тунелот под Ламанш.