Забава Калиопи повторно ќе нè претставува на „Евровизија“

Калиопи повторно ќе нè претставува на „Евровизија“

„Македонска радио-телевизија“ и оваа година одлучи да ја избере Калиопи за македонски преставник на евровизискиот натпревар за најдобра песна.

Годинешното 61. издание на „Евросонг“ ќе се одржи во мај 2016 година, во Стокхолм, Шведска.

– Убедена сум дека ова ќе биде мојата животна интерпретација, дека тие три минути ќе ги претворам во вечност и ќе направам секој еден Македонец, каде и да е, да се чувствува горд – изјави Калиопи.

Калиопи на евровизискиот натпревар учествуваше и во 2012 година, во Баку, Азербејџан, со песната „Црно и бело“, кога успеа да ѝ обезбеди на Македонија влез во големото финале и се пласираше на 13. место.