Економија Како ќе се движи цената на златото во 2015 година

Како ќе се движи цената на златото во 2015 година

Во 2015 година се очекуваат структурни промени во поглед на златото, особено откако Лондонската берза се движи кон електронски механизам на фиксирање на цената.

Инвеститорите се обложуваат на цена на златото меѓу 1.050 и 1.090 долари за унца за следната година, а некои гледаат дури и спуштање до 950 долари.

Но, стравувањето доаѓа од соочувањето со предизвиците за зајакнување на доларот, падот на цената на нафтата, бавниот економски пораст на светските економии, како и од колапсот на цените, односно инфлацијата, кои ќе влијаат на крајната цена на златото.