Подглавна секција Јужна Кореа прогласи период на жалост откако за време на Ноќта на...

Јужна Кореа прогласи период на жалост откако за време на Ноќта на вештерките загинаа 151 лице

Фото: president.go.kr

Претседателот на Јужна Кореа, Јун Сук-Јол прогласи период на национална жалост, откако во несреќата по повод Ноќта на вештерките загинаа околу 151 лице во област поуларна за ноќен живот во Сеул, пренесе Ројтерс.

Јун изрази сочувство до жртвите, главно тинејџери и луѓе на возраст од 20 години, а на многуте повредени им желби за брзо закрепнување.

„Ова е навистина трагично“, рече тој во изјавата. Синоќа во срцето на Сеул се случи трагедија и катастрофа што не требаше да се случи“.

Огромна толпа која славеше во популарниот округ Итаевон во саботата навечер  навлезе во една уличка, соопштија службите за вонредни состојби, додавајќи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Чои Сунг-беом, шеф на противпожарната станица Јонгсан, рече дека е потврден 151 смртен случај, вклучително и 19 странци. Тој на брифинг на местото на настанот изјави дека се повредени 82 лица, од кои 19 потешко.

Тоа беше првиот настан за Ноќта на вештерките во Сеул за три години откако земјата ги укина ограничувањата за Ковид-19 и социјалното дистанцирање. Многумина од забавите носеа маски и костими за Ноќта на вештерките.