Свет Европа Јункер: Треба да се формира војска на Европска унија

Јункер: Треба да се формира војска на Европска унија

Шефот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер, во интервју за германскиот весник „Велт ам сонтаг“ (Welt am Sonntag) повика на создавање единствена европска армија.

„Таква армија би ни помогнала да формираме заедничка надворешна политика и политика за безбедност, а, исто така, заедно да ја носиме одговорноста на Европа за настаните во светот“, изјавил Јункер.

Тој смета дека на таков начин Европа ќе ѝ испрати порака на Русија дека е сериозна во одбрана на европските вредности.