Македонија ЈСП: Пензионерите од петок повторно ќе се возат бесплатно

ЈСП: Пензионерите од петок повторно ќе се возат бесплатно

Фото: Мета.мк

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје соопшти дека од петок (25.03.2022) повторно започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица, односно жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години за деновите вторник, петок, сабота и недела.

По укинувањето на можноста пензионерите бесплатно да користат јавен градски превоз четири денови во неделата за време на пандемијата во јуни 2020 година, истата повторно се враќа во важност.

Сите кои сакаат да бидат корисници на бесплатниот јавен превоз потребно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“. Персонализирањето на картичките се врши во некои од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје.

Директорот на јавното сообраќајно претпријатије на прес-конференцијата каде ја соопшти одлуката нагласи дека претпријатието се соочува со големи предизвици во одонос на поскапувањето на нафтените деривати, но се обидува да прозилезе со најдобри исходи за да се задоволат потребите на граѓаните.