Свет Јозеф Кленси е новиот директор на тајната служба на САД

Јозеф Кленси е новиот директор на тајната служба на САД

Американскиот претседател Барак Обама го именуваше Џозеф Кленси за директор на американската тајна служба, игнорирајќи ги повиците за поставување „човек од надвор“ по низата скандали што ја потресоа службата.

Педесет и деветгодишниот ветеран Кленси бил задолжен за заштита на Обама и на неговите претходници на таа функција.

Четиричлениот владин одбор сметаше дека на службата ѝ е потребен „лидер однадвор“. Претходната директорка на службата поднесе оставка откако човек со психичко растројство, во септември, ја прескокна оградата и упадна во Белата куќа со нож.

Белата куќа соопшти дека Кленси, без разлика што е човек однатре, има „чесна и јасна процена“ за тоа што е неопходно за да се направат реформи во тајната служба.