Спорт Јорданскиот принц се кандидира за прв човек на ФИФА

Јорданскиот принц се кандидира за прв човек на ФИФА

Потпретседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), јорданската принцот Али Бин ал-Хусеин, ја објави својата кандидатура за прв човек на организацијата.

Противкандидати на азискиот претставник во ФИФА ќе му бидат актуелниот претседател, 78-годишниот Швајцарец, Сеп Блатер, кој го завршува својот петти мандат, и поранешен член на Комитетот на ФИФА, Французинот Жером Шампањ.

– Се кандидирам за претседател на ФИФА бидејќи мислам дека е време да се стави крај на интерни расправии и да се вратиме на спортот – рече принцот Али Бин ал-Хусеин на својот твитер-профил.

Тој додаде дека ФИФА треба да биде организација која е „модел на транспарентност и на добро владеење“.

Членовите на ФИФА ќе го изберат претседателот во мај, во Цирих. Крајниот рок за поднесување на номинациите е 29 јануари. Блатер во септември минатата година изјави дека ќе се кандидира за нов мандат од четири години за функцијата која ја врши уште од 1998 година.

Кандидатурата на јорданскиот принц ја поддржа и претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини, кој претходно соопшти дека не сака да учествува во трката.