Свет Јордан ги ограничува дипломатските односи со Катар

Јордан ги ограничува дипломатските односи со Катар

Портпаролот на јорданската влада, Мухамед Мумани, соопшти дека земјата ќе го ограничи своите дипломатски односи со Катар и ќе ги затвори локалните канцеларии на „Ал Џазира“ во оваа земја.

Мумани соопшти дека одлуката е донесена за да се осигури регионална безбедност, за да се координира политиката на арапските земји и да се стави крај на кризата во регионот.

Одлуката следи откако Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја државата дека поддржува екстремисти во регионот.

Јемен, Либија и Малдиви подоцна се приклучија кон овие мерки.

Саудиска Арабија е клучен финансиер на Јордан.