Свет Јордан: Автомобил-бомба експлодира кај сириски бегалски камп

Јордан: Автомобил-бомба експлодира кај сириски бегалски камп

Припадник на јорданската армија загина откако автомобил-бомба денеска експлодира во близина на сирискиот бегалски камп Рукбан во Јордан.

Како што јавуваат локалните медиуми, во експлозијата се повредени голем број граничари.

Бегалскиот камп Рукбан се наоѓа на осум километри од границата на Јордан со Ирак и со Сирија.