Македонија Јолевски најави можно зголемување на бројот на војници во областа на Гевгелија

Јолевски најави можно зголемување на бројот на војници во областа на Гевгелија

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на границата со Грција истана дека јужната граница е делумно отворена за протек на мигрантите низ нашата земја и добро е обезбедена од безбедносните полициски сили на кои им помагаат полицајци од неколку европски земји и припадници на АРМ.

Но, тој додаде дека доколку во следниот период бројката на мигранти се зголеми во камповите во Грција кај Идомени и Поликастро, можно е со одлука на врховниот командант да биде зголемен и бројот на војници стационирани во областа на Гевгелија.

– Се надевам дека состанокот што ќе се одржи во Брисел в понеделник, ќе даде одредени резултати бидејќи, како на Грција, така помош им треба на сите земји поради што решението треба да биде донесено со заедничка стратегија и политика – изјави Јолевски.