Македонија Јолевски на свеченост во Воената академија „Михајло Апостолски“

Јолевски на свеченост во Воената академија „Михајло Апостолски“

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, ќе се обрати на Воената академија „Михајло Апостолски“ по повод свечената изјава на питомците од 19. генерација и промоција на потпоручници од 15. генерација.

На свеченоста ќе присуствува и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, а пред питомците и пред новите офицери ќе се обрати и деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски.

Свечена изјава ќе дадат 37 студенти питомци и девет студенти.