Македонија Јолевски на Самитот на НАТО порача дека Македонија заслужила место во Алијансата

Јолевски на Самитот на НАТО порача дека Македонија заслужила место во Алијансата

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во своето обраќање на НАТО-самитот во Варшава, на состанокот посветен на Платформата за интероперативност на министри за одбрана, рече дека Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО и дека државата има капацитет да ги преземе сите обврски и одговорности за да придонесе кон сигурноста и стабилноста на Балканот и на евроатланската област, соопштија од министерството.

„Цврсто сме убедени дека инвестицијата во НАТО ќе ги зацврсти мирот и стабилноста. Нашите војници, кои долги години учествуваат во мировните мисии во Авганистан, го очекуваат и го заслужуваат членството“, рече Јолевски.

За време на одржувањето на самитот, Јолевски оствари билатерални средби со своите колеги од Италија, Словачка, Литванија, Унгарија, Чешка, Латвија и од Словенија.

На средбите Јолевски порачал дека со сите постигнати резултати Македонија го заслужила своето место во Алијансата.