Дописници Јолевски: Безбедносната состојба е стабилна

Јолевски: Безбедносната состојба е стабилна

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, при денешната посета на Штип, оцени дека безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво, но дека АРМ внимателно ја следи ситуацијата.

– Безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво и е стабилна. Ние, како Армија, и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме – изјави Јолевски.

Jолевски, кој денеска изврши увид на техничко-материјалната подготвеност на Вториот механизиран пешадиски баталјон, стациониран во Штип, најави модернизација на Армијата на Република Македонија (АРМ), преку десетгодишен проект вреден 17 милиони евра.