Свет Јоханесбург: Под земја заробени 115 рудари

Јоханесбург: Под земја заробени 115 рудари

Најмалку 100 лица останаа заробени под земја по уривањето на рудник за злато на североистокот на Јужноафриканската Република, а спасувачите досега успеале да извлечат 49 рудари.

Портпаролот на синдикатот на рудари, Манзини Зунгу, изјави дека во рудникот се заробени околу 115 рудари.

– Засега не е јасно што ја предизвикало несреќата – рече Зунгу.

Јужноафриканските рудници се меѓу најдлабоките и најопасните во светот. Рудникот се наоѓа на околу 360 километри источно од Јоханесбург.

Минатата година, 77 работници загинаа во несреќи во рудниците во Јужноафриканската Република, што е најмал број откако се води евиденција.