Свет Јемен: Уништен главниот нафтовод

Јемен: Уништен главниот нафтовод

Нафтоводите и гасоводите во Јемен се честа мета на племињата

Вооружени припадници на племињата го дигнаа во воздух главниот нафтовод во Јемен, поради што е запрен извозот на нафта, соопшти јеменското министерство за одбрана.

Нафтоводите и гасоводите во Јемен се честа мета на членовите на племињата кои се во судир со централната власт, што предизвикува недостиг на гориво и намалување на заработувачката на сиромашната земја.

На веб-страницата на министерството се наведува дека нападот е извршен во провинцијата Мариб и оти поради тоа е запрена испораката на нафта во извозните терминали на брегот на Црвено Море.

Низ овој нафтовод дневно се транспортираат околу 70.000 барели нафта.

Јемен не е значаен произведувач на нафта на светско ниво, но со продажбата на нафтените деривати остварува 90 отсто од своите девизни приходи.