Свет Јемен: 16 војници загинаа од подметната бомба

Јемен: 16 војници загинаа од подметната бомба

Шеснаесет војници вчера загинаа во јеменската провинција Маариб откако со возилото нагазиле на подметната бомба, соопштија провладини вооружени сили.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Провинцијата Маариб во последните неколку месеци е центар на судири меѓу бунтовниците Хути и владините сили.